Тинејџер креираше принтер за брајова азбука од лего коцки – Intel заинтересиран да инвестира во негов развој

62

braigo

Тринаесетгодишниот Шубхам Банерџи на едноставен начин, користејќи лего коцки, има за цел да им го олесни животот на лицата со оштетен вид.

Неговиот изум е принтер за брајова азбука Braigo – чие име го добива по комбинација од зборовите Braille и Lego.

Импресиониран од неговиот изум и визија, технолошкиот гигант Intel покажа интерес за инвестирање во развојот на неговиот старт – ап. И официјално, минатата недела на глобалниот самит за капитал на Intel, Braigo Labs беше споменат како еден од 16-те стартапи во кои компанијата ќе инвестира оваа година. Иако не беше откриен износот на средства што ќе се инвестираат, се верува дека за развој на овој бизнис ќе се одвојат стотина илјади долари.

braigo 1

За својот изум Банерџи го искористил сетот на лего коцки Lego Mindstorms EV3, вреден 350 долари, така што моделот на роботот го адаптирал во функционален принтер.

“На идејата дојдов кога сосема случајно забележав флаер на кој стоеше информација за собирање финансиски средства за лицата со оштетен вид, па ми се наметна прашањето како можат да читаат тие луѓе. Како и секој мој врсник, така и јас, решив одговорот на дилемата да го побарам од моите родители. На тоа прашање мојот татко ми рече: Побарај на Google“, вели Банеџи за Business Insider.

braigo 2

Барајќи низ интернет тој забележал дека цената на брајовите принтери е многу висока.

Банерџи верува дека неговиот принтер значително ќе ја намали цената на уредите од овој вид. Според неговите податоци, во светот постојат над 285 милиони лица со оштетен вид, од кои 90% живеат во земјите во развој и немаат сите можност да набават скап принтер за брајова азбука.

braigo 5