Тинекс донира нови апарати на клиниката за детска хирургија

50

Kомпанијата Тинекс донираше нови апарати за стерилизација на воздухот на Клиниката за детска хирургија во Скопје. Оваа донацијата во вредност од над половина милион денари, Тинекс ја обезбеди во рамки на платформата за општествена одговорност Тинекс, ти и јас.

Апарати за стерилизација на воздухот ќе послужат на медицинските установи, онаму каде што постои ризик од инфекции. Со нив ќе се овозможи прочистување на воздухот во болничките соби и во другите простории на Клиниката за детска хирургија. На тој начин ќе се подобрат услови за третман и престој, што е од огромно значење за здравјето на децата кои тука се лекуваат.

Апаратите за стерилизација на воздухот се произведени во Македонија и претставуваат најмодерна технологија во оваа област.

“Ни претставува големо задоволство што имаме можност да ги подобриме условите во институција во која престојуваат дечиња и да го направиме нивниот престој тука колку што е можно попријатен и побезбеден. Нашата компанија и во следниот период ќе продолжи да поддржува и иницира вакви активности од јавен интерес”, изјави Цветанка Христовска, претставник на Тинекс.

Клиниката за детска хирургија е единствена институција од ваков вид во Македонија, каде хируршки се лекуваат болести кај деца.

На почеток на оваа година Тинекс ја почна платформата Тинекс, ти и јас, како продолжување и интензивирање на активностите за заедницата, што се реализираа веќе 18 години. Овие платформа вклучува и проекти од интерес на пошироката заедница во различни области, како што се уметност и култура, заштита на животната средина, спорт, здравство, образование и помош на социјално ранливи групи.