Tip of the week досега собра околу 1.400 долари, кампањата трае уште 24 дена

12

tip-of-the-week-facebook

Фото: Facebook

Со лансирање на кампањата за финансирање на Tip of the week® на интернационалниот пазар минатата недела, веќе читатели од Америка, Англија, Франција, Италија, Германија, Австралија, Литванија, Шведска и Швајцарија нарачаа некои од понудените пакети во зависност од нивниот влог.

Целта на кампањата е да се соберат 8.000 долари со цел да се издаде издание на англиски јазик и да се прошири Tip of the Week® концептот интернационално.

Кампањата трае уште 24 дена, а сите кои сакаат да купат некој од понудените пакети или да ја поддржат и со минимален износ од еден долар, можат да го сторат тоа на следниот линк.