Компанијата TnT it market го отвори својот нов продажен салон во Охрид. Во новиот модерен ИТ центар, потрошувачите може да изберат квалитетни ИТ производи и да бидат опслужени од компетентна професионална екипа.
Во продажниот салон се нудат повеќе од 2.000 ИТ производи (лаптопи, таблети, смартфони, фотоапарати, компјутерска опрема и галантерија) од најпознати светски брендови како Lenovo, Acer, HP, Samsung, Apple и многу други. Освен гарантираниот квалитет на производите, од TnT it market велат дека, како и досега, ќе продолжат да ги нудат најдобрите цени и стручни совети од ИТ лицата на компанијата.
„Отворањето на нашиот нов продажен салон во Охрид е уште еден чекор по успешниот пат кој го поминуваме со години. ТнТ ит маркет постои веќе осум години на македонскиот пазар и за тој период успеавме да се докажеме како компанија која го нуди најдоброто од ИТ светот на своите потрошувачи. Тие, освен што се наши клиенти, се и наши пријатели, бидејќи кај нас секогаш можат да најдат одговор на сите прашања кои ги имаат. Огромно задоволство е тоа што веќе сме присутни и во градот Охрид, каде што ќе овозможиме пристап до најквалитетните ИТ производи по неодоливи цени”, изјави Бобан Тотовски, управител на TnT it market.
Тотовски нагласи дека сите потрошувачи кои од 19-ти септември до 30-ти септември ќе го посетат новиот продажен салон на TnТ it market во Охрид, ќе добијат изненадувачки попуст и многу подароци.
Освен во Охрид, TnТ it market има два продажни салони во Скопје, а во иднина се планира проширување на продажната мрежа и во другите градови во Македонија. Сите производи на TnТ it market се достапни и на веб сајтот на компанијата од каде што може да се купат онлајн.