Тојота ја затвори фабриката во Русија

90

Јапонската автомобилска компанија Тојота ја затвори својата фабрика во Русија, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерството за индустрија и трговија на Русија потврди дека фабриката на Тојота во Санкт Петербург е затворена.

Во соопштението се наведува дека компанијата ќе продолжи да ги исполнува обврските кон работниците во фабриката, како и да продолжи со постпродажната поддршка за своите возила во Русија.

Јапонската компанија започна анализа на пазарот врз основа на која ќе донесе одлука за иднината на бизнисот во Русија.

Рускиот весник „Комерсант“ пренесува дека Тојота не се повлекла од рускиот пазар, туку дека одлучила да ја затвори фабриката бидејќи имала потешкотии да ги набави потребните делови за производство.