Тојота ќе инвестира околу 14 милијарди долари во производство на батерии до 2030 година

34

Јапонскиот автомобилски концерн Тојота ќе инвестира скоро 14 милијарди американски долари во развој на батерии за електрични возила до 2030 година, потпирајќи се на следната генерација батерии и литиум-јонски пакети во обид да ги намалат емисиите на јаглерод диоксид и да обезбедат дополнителен работен век за неговите хибридни возила како одговор на критиките за бавната трансформација, пренесе Automotive News Europe.

Компанијата ги претстави плановите за време на онлајн брифинг, а менаџментот рече дека Тојота очекува да ги преполови цените на батериите во втората половина на деценијата.

Подолг работен век, стабилност и безбедност се клучните критериуми за батериите на Тојота, рече извршниот директор на Тојота, Масахико Меада.