Том Круз одбива да снима на друго место, милионите сака да ги остави во Италија

130

Кога Том Круз престана да го снима филмот Невозможна мисија 7, во Италија, тоа беше голем показател за тоа колку е сериозна ситуацијата во врска со коронавирусот во таа земја.

Меѓутоа, актерот е сега одлучен во намерата снимањето да се продолжи. Холивудската легенда ќе се врати во Венеција штом италијанската влада тоа го дозволи.

Извор близок до Круз вели дека актерот одбива да го снима филмот на било кое друго место, бидејќи сака да остави милиони токму во Италија, една од најтешко погодените области од вирусот.
Италија неодамна почна да ги намалува мерките на забрана.

Фото: Facebook