Тонат акциите на Apple

42

appleАкциите на Apple во средата паднаа за 5,5%, под 400 долари по прв пат од декември 2011 година. Цената на акциите е скоро преполовена за разлика од септември минатата година, кога вредеа по 700 долари. Загриженоста на инвеститорите ја поттикна извештајот за пад на продажбата.

Извештајот за финансиското работење во првите три месеци, оваа компанија треба да го објави следната недела, а резултатите би можеле да бидат под очекувањата на аналитичарите.

Apple во последно време се соочува со се посилен притисок од конкуренцијата, како и со високите апетити на инвеститорите. Иако приходите од нивните најпопуларни производи iPhone и iPad растат, проблемот е што се намалува нивниот пазарен удел. Во исто време, најголемиот ривал Самсунг постојано го зголемува својот удел на пазарот, како во секторот паметни телефони, така и во секторите таблети и персонални компјутери.

Истовремено со падот на пазарниот удел, аналитичарите ги загрижува доцнењето во лансирањето нови производи. Се шпекулира дека новата верзија на iPhone ќе излезе дури во септември, а не во јуни како што беше најавено.