Tooth – четка за заби направена од шеќерна репка

141

Старт – ап од Лондон изработи четка за заби од материјали што се рециклираат и разградуваат без да ѝ наштетат на околината.

Горниот дел од четката може да се замени откако ќе помине времето за употреба. Tooth е изработена од шеќерна репка којашто преку специјален процес е претворена во еколошката состојка Floreon, додека влакненцата на четката се направени од Nylon 4. Двата материјали се 100% биоразградливи.

Рачката е обложена со рециклирачки алуминиум којшто, исто така, не ја загадува околината. Tooth доаѓа заедно со подлога за чување направена од рециклирачки челик што придонесува за производот да остане чист.

Во комбинација има и футрола којашто корисникот може да ја употреби за четката кога патува, а стартапот праќа замена за дотраената четка на секои три месеци.

Фото: Kickstarter