Топ 10 европски земји со најмногу странски директни инвестиции

22

Фото: Pixabay

Велика Британија, Франција, Германија, Шпанија и Белгија ја сочинуваат првата петорка лидери во странски директни инвестиции, според истражувањето на Ernst & Young.

Во втората половина на листата се најдоа Полска, Турција, Холандија, Русија и Ирска.

Според 56% од над 500 меѓународни компании, што учествуваа во истражувањето, западна Европа е еден од најдобрите региони за инвестиции во светот. Централна и источна Европа се веднаш зад западниот блок од стариот континент.

Во Велика Британија минатата година се спроведени 1.054 инвестициони проекти, во Франција, 1.027, додека во Германија 973.

Европскиот бруто домашен производ изнесуваше 1,8% во 2018 година, а на инвестициите свое влијание имаа голем број надворешни фактори, како што е слабиот раст на американските инвестиции во Европа и забавување на економскиот раст на Кина и Јапонија.