Топ 10 острови за работа на далечина

100

Многумина од оние кои работеле на далечина, повеќе не сакаат да се вратат на “старо“.

Велика Британија моментално ја тестира работната недела од четири дена, а вработените вклучени во овој пилот проект велат дека позитивните ефекти од продолжениот викенд се одразуваат на нив – посреќни се, попродуктивни и поздрави.

Поради тоа, ако секторот во кој работите ви го дозволува тоа, не е лошо да се обидете да работите на далечина. Блумберг предлага популарни карипски дестинации како што се Курасао, Аруба и Јамајка, познати по своите одлични плажи.

Тие воедно се и тропски острови кои ги нудат некои од најдобрите животни услови и понуди, за парите кои дигиталните номади треба да ги издвојат, за да живеат таму некое време.

Листата на најпопуларни острови за дигиталните номади ја направила софтверската компанија Zenefits, посветена на областа на човечките ресурси. Поточно, листата се состои од 50 острови, на основа на седум критериуми: население, просечна температура, брзина на интеренетот, цена на сместувањето, просечниот дневен буџет и пристапноста до островот (од САД) и „работи кои треба да се направат и видат“.

Холандско – карипскиот остров Курасао го зазел првото место на листата на 10 најдобри за работа на далечина, со пријатна просечна температура во годината и брзина на WiFi мрежата над американскиот просек. Покрај тоа, тука се и недопрените плажи кои се скриени во заливите, како и националниот парк каде туристите можат да гледаат како желките полагаат јајца.

Тајландскиот Ко Па Нган е уште една идеална локација за работа на далечина. На овој остров, туристите во просек дневно трошат 17 долари (околу 1000 денари), не земјќи го во предвид сместувањето.

На трето место е Фернандо де Нороња (Бразил), потоа Велигденскиот остров, оддалечен 3,600 километри западно од Чиле, потоа Аруба, Света Луција, Голем Кајман, Мал Кајман, Мореа (познат и како Магичен остров) и на крајот, Јамајка.

Како што работата на далечина станува норма, а компаниите нудат пофлексибилни работни услови, работниците сега повеќе од некогаш сакаат да се упатат во странство поради промена на средината. Како одговор на тоа, некои земји усвоиле различни мерки за привлекување на оваа група на работници.

На пример, Индонезија размислува да воведе специјална виза за работниците на далечина, а Тајланд нуди даночни олеснувања за оние кои сакаат да работат таму на подолго време.