Ако зборуваме за модерна историја, можеме да го поделиме светот на оној пред и после кoроната. Речиси сите аспекти на општеството се сменија, т.е. претрпеа одредени последици од ковид. Истото е и во бизнисот, некои сектори напредуваа, некои се намалија. Без разлика дали само планирате да се вработите или размислувате за преквалификација, бидејќи ја загубивте работата за време на пандемијата или ги преиспитавте вашите желби и потреби, обрнете внимание на тековните податоци пренесени од CNBC, врз основа на експертски анализи.
Пандемијата радикално ја промени работната средина, бидејќи милиони Американци ја сменија кариерата или се збогуваа со канцеларијата засекогаш. Иако вработувањето во САД ќе доживее побавен раст во следните 10 години, според Бирото за статистика на трудот, во исто време побарувачката за одредени работни места ќе се зголеми.
Новата анализа наведува дека САД ќе додадат 11,9 милиони работни места до 2030 година. Предвидено е 1,5 милиони работни места да бидат додадени во индустријата за подготовка на храна и услуги, во следните девет години.
Вака изгледа листата на топ 10 најбарани занимања до 2030 година, а тука се и платите што ги следат, на американскиот пазар.
-Техничари за сервиси на ветерни турбини: раст на секторот 68,2%, годишна средна заработка 56.230 долари
–Медицинска сестра : раст на секторот 52,2%, годишна просечна плата 111.680 длари
–Специјалисти за инсталација на соларни панели: раст на секторот 52,1%, годишна средна заработка 46.470 долари
–Статистичари: раст на секторот 35,4%, просечна годишна заработка 92.270 американски долари
–Физиотерапевтски асистенти: раст на секторот 35,4%, годишна просечна плата 59.770 долари
–Аналитичари за безбедност на информации: раст на секторот 33,3%, просечна годишна заработка 103.590 долари
-Домашна нега: раст на секторот 32,6%, годишна просечна заработка 27.080 долари
–Менаџери за здравствена услуга: раст на секторот 32,5%, годишна просечна плата 104.280 долари
–Научници за податоци: раст на секторот 31,4%, годишна просечна плата 98.230 долари
-Лекар: раст на секторот 31,0%, годишна просечна плата 11.390 долари