Топ 5 најтргувани акции: Комерцијална банка и Алкалоид на врвот по тргување

Акциите на Комерцијална банка Скопје, Алкалоид Скопје, НЛБ Банка Скопје, Макпетрол Скопје и Македонски Телеком Скопје се најтргувани акции од официјалниот пазар на Македонска берза во март 2026 година, покажува месечниот билтен.

Со акциите на Комерцијална банка се направени вкупно 570 трансакции, остварен е промет од 2.425,129 евра, а просечната цена на акцијата била 27.940,06 денари. Потоа следуваат: Алкалоид 304 трансакции со просечна цена 25.016,11 денари и промет од 1.149,940 евра. НЛБ Банка Скопје  има146 трансакции и просечна цена на акцијата од 57.499,00 денари, прометот изнесува 537.240 евра.

Макпетрол има 107 трансакции со просечна цена 109.684,42 денари, а промет од 533.354 евра и Македонски Телеком со 81 трансакции каде просечната цена на акцијата била 499,34 денари и има остварено промет од 232.839 евра.