Топ пет најризични банки во Европа

169

Консултантската компанија Alvarez & Marsal направи листа на најризични банки во Европа за оваа година, врз основа на повеќе важни фактори, меѓу кои се: ликвидност, солвентност, ризик, ефикасност, раст…

Меѓу најризичните европски банки се најдоа:

Deutsche bank – оваа германска банка го има приматот најризична банка во Европа за оваа година, поради сериозни промени во работата. Неодамна банката најави голем бран отпуштања поради серијата радикални промени што ќе се спроведат во германската банка со скоро 150 години традиција.

DZ bank – уште една банка од Германија којашто иако има високи приходи, покажува лоши перформанси кога се работи за ликвидноста на краток и долг рок.

Societe Generale – оваа француска банка има лоша позиција поради приносите и ликвидноста, а покажува добри резултати кога станува збор за управување со трошоците.

Groupe BPCE – исто така, француска банка со лоша ликвидност, но со високи приходи.

BNP Paribas – банката прикажува просечни резултати од работењето, но потфрла кога станува збор за приноси и солвентност.