Топ пет најтргувани акции во мај

243

Акциите на Комерцијална банка беа најтргувани на официјалниот пазар на Македонска берза во мај, покажува Месечниот статистички билтен. Со акциите на Комерцијална банка се направени 472 трансакции, што е 45,87% учество во вкупниот промет.

Со 198 трансакции и 14,88% учество во вкупниот промет, на второ место се акциите на Алкалоид, додека зад нив се оние на Макпетрол со 122 реализирани трансакции.

Меѓу петте најтргувани акции се најдоа и оние на Македонијатурист (78 трансакции) и НЛБ Банка (78 трансакции).

Во текот на минатиот месец, најголем пораст имаа акциите на: Тутунски комбинат Прилеп (61,29%), Макстил (36,23%), РЖ Услуги (12,43%) и Окта (9,32%).

Од друга страна, најголем пад имаа акциите на: Адинг (-15,60%), Скопски пазар Скопје (-13,69%), Бетон (-11,04%), Реплек (-5,97%)и Фершпед (-2,79%).

Фото: Pexels