Топ пет најтргувани акции во ноември

62

Акциите на Комерцијална банка, НЛБ Банка, Алкалоид, Гранит и Стопанска банка Скопје се топ пет најтргувани на официјалниот пазар на Македонска берза во ноември, покажува Месечниот билтен.

Со вкупно 327 трансакции, акциите на Комерцијална банка имаат 32,75% учество во вкупниот промет.

Во текот на ноември, акции со најголем пораст беа оние на: Жито Полог Тетово (23,38%), Либерти Скопје (15,79%), Адинг Скопје (13,27%), Цементарница Усје (12,20%) и Реплек Скопје (7,64%).

Од друга страна, најголем пад имаа акциите на: Скопски Пазар (-73,68%), Триглав осигурување (-24,86%), ФЗЦ 11 Октомври Куманово (-7,19%), Окта (-5,69%) и РЖ Услуги (-3,64%).

Пазарната капитализација во ноември достигна 180.507.494.920 денари или 0,80% повеќе во однос на октомври. Прометот минатиот месец се позиционираше на 313.231.357 денари или пад од 26,69%. Во текот на ноември се направени 1.196 трансакции, што е за 13,08% помалку од октомври, а индексот МБИ10 заврши на 4.477,94 поени, што е 1,11% пораст.

Фото: Freepik