Топ три најконкурентни земји на планетата

49

Сингапур, Данска и Швајцарија се топ три најконкурентни земји на планетата, покажува извештајот на Институтот за развој на бизнис менаџмент, којшто во соработка со Националниот совет за конкурентност објавија листа од 63 земји рангирани по конкурентност за оваа година.

Сингапур втора година по ред во држи приматот на најконкурентна земја во светот, а втора е Данска што се искачи шест места погоре во однос на минатата година. Прогрес од едно место забележува Швајцарија, којашто годинава е трета најконкурентна економија во светот, додека во 2019 година била четврта.

Меѓу 10-те најконкурентни земји во светот за оваа година се најдоа и: Холандија, Хонгконг, Шведска, Норвешка, Канада, Обединети Арапски Емирати и САД.

Од земјите во регионот, највисоко котира Словенија, на 35-то место. По нејзе следат: Бугарија (48), Грција (49) и Хрватска (60).

Од вкупно 63 рангирани земји, најдолу се најдоа: Венецуела, Аргентина, Монголија, Хрватска и Јужна Африка.

При оценка на конкурентноста на земјите, предвид се земаат 255 критериуми од кои 163 се однесуваат на статистички индикатори, а 92 на истражување на мислење на економисти. Истражувањето е спроведено во февруари, март и април оваа година, а се базира на достапни статистички податоци за 2019 година.

Фото: Freepik