Топлификација евидентираше 37,2 милиони денари добивка во 2016 година

44

toplifikacija

Топлификација со добивка од 37.201.000 денари ја заврши минатата година, додека на крајот на 2015 година таа беше на ниво од 32.006.000 денари.

Според податоците од билансот на успех, објавен на Македонска берза, вкупните приходи од продажба од јануари до декември 2016 година, имаа вредност од 89.848.000 денари. Заклучно со 31.12.2015 година, вкупните приходи од продажба на Топлификација изнесуваа 91.932.000 денари.