Топлификација за девет месеци оствари 14,1 милиони денари добивка

39

toplifikacija

Топлификација во текот на деветте месеци од оваа година работеше со добивка од 14.178.000 денари, покажува консолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Во текот на истиот период лани компанијата прикажа добивка од 4.184.000 денари.

Вкупните приходи од продажба од јануари до септември 2016-та година достигнаа 64.163.000 денари, додека истиот период лани имаа вредност од 98.738.000 денари.