Тоше Проески: Целта на мојот живот не е кариерата, туку контактот со луѓето

378

Целта на мојот живот не е кариерата, туку контактот со луѓето и можноста со нив да разменам енергија. Сакам на сите околу себе позитивно да влијаам, тоа е моја мисија. Ова во една прилика го изјави нашиот легендарен пејач, Тоше Проески, кој на денешен ден пред 13 години загина во сообраќајна несреќа.

Меѓу цитатите од Тоше што не треба никогаш да се заборават се и:

Мене ми е незамисливо некој кој може нешто да им пружи на оние кои имаат малку ли воопшто немаат, да ги затворат очите и да не им пружат рака.

Никогаш не би се откажал од пријателите, би бил секогаш тука за нив и во добро и во зло. Во добро да им се радувам на успехот, во зло да им помогнам.

Без оглед на тоа што велат дека скромноста е особина на глупавите луѓе, не се согласувам со тоа. Скромноста е доблест на добрите луѓе.

Не сакам да ми симнувате капа, само сакам да се гордеете со мене.

Не сакам кога ќе кажат дека целта ги оправдува средствата, не сакам нечесни игри и не верувам дека и во љубовта и војна сè е дозволено.

Фото: Facebook