
Француската енергетска компанија „Тотал Енерџис“ објави дека суспендирала 15 проценти од своето глобално производство на нафта и гас поради војната на Блискиот Исток.
Компанијата изјави дека производството е запрено или е во процес на запирање во Катар, Ирак и на офшор полињата во Обединетите Арапски Емирати, објави порталот „Оилпрајс“.
Производството на копно во Обединетите Арапски Емирати, во кое „Тотал Енерџис“ има удел од околу 210.000 барели дневно, не е засегнато од конфликтот, додаде француската фирма.











