Total продава две нафтени полиња на Statoil за 1,45 милијарди долари

25

total

Фото: Facebook

Францускиот енергетски гигант Total договори продажба на удели во две норвешки нафтени полиња на нафтениот гигант Statoil за сума од 1,45 милијарди долари, пишува Reuters.

Statoil ќе преземе 51% од акциите во нафтеното поле Martin Linge и 40% од полето Garantiana.

Инаку во август, Total договори аквизиција на данската компанија Maersk Oil, во трансакција вредна 7,45 милијарди долари, од којашто Total очекува зајакнување на операциите во Северното море.