Toyota го “претрка“ Volkswagen по продажба во 2020 година

22

Јапонскиот производител на автомобили, Toyota Motors го надмина германски Volkswagen во 2020 година и по четири години повторно се најде на врвот и покрај пад на продажбата во време на пандемијата.

Toyota group, што ги опфаќа Daihatsu и Hino Motors, продажбата во 2020 година достигна 9,5 милиони автомобили, 11,3% помалку одошто во 2019 година.

Со овие бројки, јапонската компанија го надмина Volkswagen, којшто лани продаде 9,3 милиони автомобили или 15,2% помалку од 2019 година.

Падот на продажбата на Toyota е во најголема мера предизвикан од пазарот во САД, каде се продадени 2,1 милиони автомобили. Од друга страна, продажбата во Кина се зголеми за 11% со продадени 1,8 милиони возила.

Јапонската компанија лани произведе 14,1% помалку автомобили одошто во 2019 година, односно вкупно 9,2 милиони возила.

Фото: Freepik