Toyota и Panasonic заедно ќе произведуваат батерии за електрични автомобили

21

Фото: Facebook

Toyota и Panasonic ги здружија силите, а целта на сојузот е заедничко производство на батерии за електрични автомобили, пишува Fortune.

Од новосоздадениот сојуз, јапонскиот производител на автомобили ќе поседува 51%, додека електронскиот гигант 49%. Двете компании ќе ги комбинираат нивната постоечка опрема и работници, а дополнително ќе бидат вработени уште 3.500 луѓе.

Стартот на производствениот погон се планира за 2020 година.

Toyota и Panasonic веќе имаат една заедничка компанијата, Prime Earth EV Energy, којашто обезбедува батерии за хибридни автомобили.

Овој пат фокусот ќе биде ставен на цврсти батерии, коишто се очекува да бидат помали, полесни, побезбедни и помоќни од литиум – јонските батерии што се веќе на пазарот.