Toyota ќе почне со производство на хибридни автомобили во Турција

28

toyota

Toyota Motor Corp оваа година ќе започне со производство на нов хибриден модел базиран на C-HR концептот во Турција, во што ќе инвестира повеќе од 350 милиони евра.

Според извршниот директор за Европа, Јохан ван Зил, инвестицијата ќе креира преку 1.000 нови работни места, а капацитетот на производство на Toyota во Турција скоро ќе се удвои на 280.000 возила, пишува Хуријет.

Новиот модел ќе биде прво хибридно возило произведено во Турција.

Toyota има фабрика во провинцијата Сакарија во Турција, каде што се произведуваат моделите Corolla и Verso.

Новиот хибриден модел 80% ќе биде наменет за извоз, главно на европскиот пазар, а името на моделот ќе биде откриено на Geneva Motor Show во март.