Јапонскиот гигант, Toyota со помош на виртуелна реалност и технологија на 3D скенирање, учи роботи како да извршуваат домашни задачи.
Институтот за истражување на компанијата (Toyota research institute – TRI) при процесот на тренирање им овозможува на луѓето да гледаат низ очите на роботот.
На овој начин домаќинот му дава едноставни инструкции на домашниот помошник, како да крене чаша, да отвори некој сад и слично.
Сепак, како што потенцираат од TRI, овој робот не е наменет за комерцијални цели, туку ќе биде концепт за понатамошни истражувања.
Според истражувачите, овој систем базиран на виртуелна реалност може да го смени начинот на којшто роботите учат и да отвори повеќе можности за нивно искористување во различни околности.
Фото: TRI