Традиционален есенски outlet во Мебел – Ви до први ноември

58

2

Традиционалниот есенски outlet во Мебел – Ви, што е најголемата промоција есенва, оваа година трае до први ноември. Ова е понудата за којашто зборуваат сите. Стара колекција до 50%, последни парчиња до 70% и редовна колекција до 20%. Над 200 акциски артикли од сите категории и брендови, стои во соопштението.

Промоцијата важи во сите седум продажни центри во Скопје, Куманово, Велес, Битола, Прилеп, Кавадарци и Виница. Дел од промоцијата може да се погледне и на интернет продавницата www.mebel-vi.com.

“Опремувањето на вашиот домашен простор никогаш не било полесно. Комплетна спална соба од 12.510 денари, комплетна детска соба од 15.300 денари или гарнитура од 18.900 денари. Тотално намалени цени и на елементи за дневен престој, комоди од 5.300 денари и клуб маси од 2.600 денари. Промоцијата ги опфаќа и производите од брендот на супер квалитетни душеци Allegro, со цени од 3.870 денари“, велат од компанијата.

Оттаму ги покануваат нивните клиенти во најголемата продажна мрежа во Македонија, на супер попусти и изненадувања. Акцијата трае само до 01.11.2017.