Фото: Pexels
Trakbar е хрватски старт – ап што ја следи и олеснува работата на кафулињата и другите угостителски објекти, пишува Пословни дневник.
“Trakbar може на почетокот на секоја недела да даде прецизен попис на сите видови и количина на пијалаци што би требало да ги порача угостителскиот објект. Помага во планирањето на буџетот, како и со управување со инвентарот, но исто така овозможува и квалитетно следење на перформансите на персоналот и целокупната работа на објектот“, вели Игор Швехла, директор и соосновач на овој старт – ап.
Апликацијата е тестирана на 7% од кафулињата во Хрватска, а веќе се шири и во Австрија и Германија. Пред да биде пуштена во комерцијална употреба, апликацијата ја користат 130 корисници.