Трамп им забранува на Американците за инвестираат во кинески компании

90

Сè уште актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп, потпишал наредба со којашто им се забранува на Американците да инвестираат во кинески фирми за коишто администрацијата смета дека се во сопственост или под контрола на кинеската војска, пишува CNN.

Наредбата се однесува на 31 кинеска компанија за којашто се вели дека “овозможува развој и модернизација на кинеската војска и дека директно ја загрозува американската безбедност“.

На црната листа, меѓу другите, се најдоа и производителот на паметни уреди, Huawei и еден од најголемите светски производители и добавувачи на опрема за видео надзор, Hikvision. Меѓу забранетите компании се најдоа и China Telecom и China Mobile со чии акции се тргува на Њујоршката берза.

Наредбата на Трамп, како што се наведува, опфаќа и забрана на американските инвеститори да поседуваат или тргуваат со било каква хартија од вредност што ги издаваат фирмите што се најдоа на црната листа.

Уредбата треба да стапи на сила на 11-ти јануари.

Фото: Freepik