
Македонија ќе биде погодена со царина од 15% на извозот кон американскиот пазар – значително пониска од првично предложената стапка од 33% која беше во игра уште од април оваа година.
Според најновата одлука, Македонија се наоѓа во групата земји што ќе плаќаат средна царинска стапка, заедно со Европската Унија, која пак успеа да постигне трговски договор со САД само неколку дена пред истекот на рокот, на 27 јули.
За 92 земји што во изминатиот период немаат постигнато директни трговски договори со САД, Трамп воведува царини од 10%, па се до 41%. За повеќето земји царините се 15%.











