
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави за време на голф турнир на терен во сопственост на неговото семејство во западна Ирска дека ќе ги укине американските царини за ирското виски.
Неговата изјава на крајот од дводневната посета на Ирска беше дочекана со аплауз од собраните на церемонијата на доделување трофеи на турнирот „Ириш опен“ во недела, објави денес Блумберг.
Ирското виски и другите стоки од Европската Унија генерално подлежат на царина од 10 проценти, според ревидираната стапка воведена по одлуката на Врховниот суд на САД со која се поништија претходните царини на Трамп.











