Трамп отворa социјална мрежа – да се спротивстави на тиранијата на технолошките гиганти

62

Платформата Truth social ќе биде новата социјална мрежа во сопственост на поранешниот американски претседател, Доналд Трамп. Како што јавуваат американските медиуми, Трамп сака да се спротивстави на тиранијата на технолошките гиганти кои ја искористија својата еднострана сила за да ги замолчат гласовите на несогласување во Америка.

Трамп објави дека ќе отвори своја социјална мрежа откако беше забранет од Твитер, Фејсбук и Јутјуб во јануари, бидејќи сметаа дека ги поттикнал своите поддржувачи на агресија пред нападот на Капитол.

Платформата Truth social почнува со работа во ноември, како бета верзија – односно од идната година ќе биде целосно функционална, јавија американски медиуми.

Оваа социјална мрежа ќе биде во сопственост на новоформираната Trump Media & Technology (TMTG), структура што ќе обезбедува и видео услуги.