Трансфер на пари преку Twitter во Франција

84

twitter

Француската банка BPCE ќе биде првата банка во светот која на своите корисници им овозможува префрлање на парични средства преку социјалните мрежи. Од следниот месец, клиентите на оваа банка кои имаат корисничка сметка на Twitter ќе можат во било која француска банка да уплатат паричен износ со испраќање само на еден tweet.

Банката ВРСЕ оваа услуга ќе ја реализира со својата компанија ќерка S–Money, која ја изработи апликацијата за овој трансфер на пари.

Корисникот мора да го внесе износот што сака да го уплати на сметката и сметката на примателот од Twitter. Потоа примателот ќе добие единствен URL преку кој ќе може да ја преземе уплатената сума.

Оваа услуга заедничи ја претставија директорот на банката Жан Ив Форел и првиот човек на Twitter за Франција, Оливиер Гонзалес. Од двете компании изразија надеж оваа услуга да заживее меѓу корисниците на оваа популарна социјална мрежа и да донесат една сосема нова димензија во користењето на Twitter, како и кај банкарските услуги.