Транскоп Битола прокнижи загуба од 1,5 милиони денари

54

transkop bitola

Транскоп од Битола во првото полугодие од 2016 година оствари загуба од 1.556.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

“Поради намалување на оперативните приходи во однос на минатата година и малиот раст на оперативните расходи во вториот квартал на 2016 година искажана е загуба во износ од 1.556.000 денари“, стои во Образложението за остварените резултати.

Истиот период лани, компанијата прикажа добивка од 3.956.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во првите шест месеци од 2016 година изнесуваа 56.491.000 денари. Од тој износ, 51.036.000 денари се реализирани на домашен пазар, а остатокот од 5.455.000 денари е остварен на пазари во странство. Вкупните приходи од продажба лани достигнаа 60.397.000 денари.

Основна дејност на Транскоп од Битола е превоз на патници во земјата и странство.