Транспортната компанија Транскоп од Битола, во текот на 2016 година, оствари 907.000 денари вкупна сеопфатна добивка, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.
Претходната 2015 година, компанијата прикажа добивка од 4.192.000 денари.
Вкупните приходи од продажба, заклучно со 31-ви декември 2016 година, изнесуваат 113.754.000 денари. Од нив на домашен пазар се остварени 103.624.000 денари, додека во странство реализацијата достигна 10.130.000 денари.