Транскоп од Битола со загуба од 857.000 денари за девет месеци

363

transkop-bitola

Транспортната компанија Транскоп од Битола од први јануари до 30-ти септември прикажа загуба од 857.000 денари, стои во билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во истиот период лани, компанијата оствари добивка од 8.832.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во деветте месеци од оваа година достигнаа 84.155.000 денари, од кои на домашен пазар се остварени 74.407.000 денари, а на пазари во странство е 9.748.000 денари.

“Вкупните расходи од работењето на Транскоп АД Битола за третиот квартал 2016 година изнесуваат 87.159.000 денари и тие се намалени за 1,02% во однос на вкупните расходи во третиот квартал 2015 година кога изнесуваа 88.054.000 денари. Поради намалување на оперативните расходи во однос на минатата година и падот на оперативниот приход која изнесува 85.697.000 денари доаѓа до намалување на добивката во однос на минатата година“, стои во Образложението за остварените резултати.

Основна дејност на компанијата е превоз на патници во земјата и странство.