Транскоп првиот квартал од 2017 година го заврши со загуба од 1,8 милиони денари

37

transkop-bitola

Транспортната компанија Транскоп од Битола првиот квартал од оваа година го заврши со загуба од 1.886.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период лани, компанијата оствари загуба од 1.143.000 денари.

Вкупните приходи до продажба, заклучно со крајот на март 2017 година, имаа вредност од 23.862.000 денари. Од нив на домашен пазар отпаѓа поголемиот дел од 21.537.000 денари, додека 2.325.000 денари се остварени на пазари во странство.

Основна дејност на компанијата е превоз на патници во земјата и странство.