Транзицијата кон електрични возила ќе избрише помалку од 1% од работните места во автомобилската индустрија

40

Транзицијата кон електрична мобилност ќе предизвика превирања во автомобилската индустрија и ќе треба поддршка од Европската унија во програмите за преквалификација за да им помогне на работниците да се подготват за иднината, се вели во новиот извештај цитиран од Ројтерс.

Студија на „Бостон консалтинг групата“ покажува дека до 2030 година, вработувањето во автомобилската индустрија на Стариот континент ќе се намали за помалку од еден процент, од 5,7 милиони колку што изнесуваше денес.

Сепак, работните места во производителите и добавувачите фокусирани на конвенционалните мотори со внатрешно согорување ќе бидат значително засегнати. Таму, намалувањето на вработеноста ќе биде 20% и 42% соодветно. Или вкупно 500 илјади позиции. Во исто време вработување кај добавувачите кои работат во областа на технологијата со нулта емисија ќе се зголеми за 300 илјади луѓе, или 10%.

Коментирајќи го извештајот, индустриската група Platform for Electromobility рече дека Европската унија, владите и компаниите треба да се фокусираат на едукација и преквалификација на вработените.