Тренинг конференција за иновативноста на компаниите

15

Меѓународна тренинг конференција со тема Иновативна компанија – како да ја користите креативноста на вработените и клиентите, во организација на Стопанската комора на Македонија, се одржува денеска во Скопје.

Целта на оваа тренинг конференција е да се потенцира значењето на иновациите за растот и развојот на сите приватни компании, нивната конкуретност, независно од нивната големина и дејноста која ја извршуваат. За успешно и профитабилно работење на долг рок, неопходно е постојано да се размислува за изнаоѓање нови целни групи потрошувачи, освојување нови пазари, воведување нови производи/услуги, иновативни начини на нивна промоција и слично.

Конференцијата е во соработка со Datastation – Белгија и Vision Consulting – Скопје. Излагања ќе имаат претставници на владиниот Фонд за иновации и технолошки развој, од ЕБРД, како и од компаниите ко-организатори на настанот и ЕВН.

Тренинг конференцијата е наменета за топ и средниот менаџмент, особено од секторите маркетинг, производство и човечки ресурси.