Тренинг програма за Законот за финансиска дисциплина и наплата на побарувања

66

naplata

Во денешно време, во услови на рецесија, еден од најголемите проблеми со кои се соочуваат фирмите е како да ги наплатат продадените услуги и производи и како да останат ликвидни. Должничката криза што ја зафати Европската унија, најголем трговски партнер на Македонија, се рефлектираше и врз финансиската кондиција на домашните компании, особено во делот на навремено исплаќање на обврските.

Од први мај годинава, на сила стапи Законот за финансиска дисциплина, со кој ќе се уредуваат должничко – доверителските односи меѓу компаниите, како и плаќањата меѓу приватниот и јавниот сектор. Новото законско решение предвидува соодветна глоба за непочитување на роковите за наплата, што меѓу стопанствениците е еден од најголемите проблеми за нормално одвивање на економските текови на нивните компании, без оглед на дејноста со која се занимаваат. Но, со стапувањето на сила на Законот, многу прашања останаа неодговорени. Како да се прилагодите на Законот? Како до ефикасна наплата на услугите и производите? Имате прашања во врска со Законот за финансиска дисциплина?

ЦЕЕД Македонија организира тренинг програма за наплата на побарувања на тема Законот за финансиска дисциплина и наплатата на побарувањата. Интензивната програма нуди практични продажни, правни и финансиски знаења, алатки и насоки за усовршување на процедурите за наплата и зголемена ефикасност и ликвидност на работењето на компанијата. Наменета е за менаџери и членови на продажни и финансиски тимови кои се директно или индиректно вклучени во процесот на наплата во една фирма, особено за микро и мали компании, во кои системот за наплата не е строго систематизиран и прецизно организиран.

Втората генерација од тренинг Програмата за наплата на побарувањата ќе се спроведе во јуни 2014 година. Програмата се состои од два последователни, еднодневни модули, во траење од пет часа.

26.06.2014 Модул 1

Закон за финансиска дисциплина, краткорочно финансирање и кредитирање

27.06.2014 Модул 2

Закон за финансиска дисциплина, наплата на побарувања и искуства

Секој од модулите покрива специфични аспекти на наплатата.

(1) Првиот модул е фокусиран повеќе на финансиските инструменти за наплата и ќе покрива теми како финансиски инструменти и методи, пресметки на максимална задолженост на компанијата, рејтинг листа и негативна листа на компании неплаќачи, каматни листи и слично, потребни за прилагодување на Законот за финансиска дисциплина – предавач м-р Билјана Киселички.

(2) Вториот модул ќе се занимава со правните аспекти на наплатата, т.е со Законот за финансиска дисциплина, како и правните превентивни мерки околу наплата на побарувања и правно издржани договори како превентивна алатка при наплата – предавач адвокат Данче Чакаровска Гроздановска.

Исто така, ќе бидат разгледани принципите на градење систем за наплата, вклучувајќи ги можните методи за наплата, мониторинг и следење на наплатата и алатките за комуникација со клиентите – должници.

Пријавувањето на учесниците трае до 20.06.2014 година или до моментот додека не се пополни групата на принципот “прв пријавен – прв услужен”.

Учеството во програмата чини 149 евра во денарска противвредност + 18% ДДВ, за еден учесник, за двата модула.

novac 1

За предавачите:

М-р Биљана Киселички има повеќе од 18 години работно искуство во областа на сметководството и финансиите. Нејзиното работно искуство опфаќа работа во сметководство, потоа на позиција финансов директор во Фабрика за кабли Неготино и во Фонко, Скопје. Последниве години работи како финансиски консултант на мали, средни и големи компании. Предавач е на обуки за финансии, поддржани и организирани од страна на Норвешка Амбасада, а е водечки консултант и предавач во програмата за финансии CEED Top Finance на ЦЕЕД Македонија, низ која досега поминале четири генерации претприемачи и менаџери. По професија е економист (маркетинг и надворешна трговија) и магистар по бизнис администрација (МБА) на Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје (Сметководство и ревизија).

Данче Чакаровска Гроздановска, Адвокатска канцеларија Данче Чакаровска Гроздановска, со повеќе од 15 години работно искуство претставува клиенти во судовите и врши правни услуги на компании и инвеститори во областа на трговијата и економијата, даноците, инвестиции, акции и берза. Адвокатската канцеларија е специјализирана во управувањето со тендерските процеси, спојувања и превземања, подготовка на Legal Due Dilligance итн. Нивните намери се да се обезбедат правни услуги на странски компании.  www.cakarovska.com.mk

Даталаб

Даталаб се занимава со равој на деловна програмска опрема, обуки и пружање поддршка на системските партнери. Даталаб е посветена на развој на најефикасен деловно – информационен систем PANTHEON, кој овозможува целосно управување и преглед над сите деловни процеси во претпријатието.

За дополнителни информации, обратете се на следните контакти:
Тел.: 02 3079-191, 3079-611 (ЦЕЕД Македонија), 076 496 613
e-mail: eangelovska@ceed-macedonia.org
Контакт лице: Наталија Велковска, ЦЕЕД Македонија; Елена Ангеловска, ЦЕЕД Македонија.