Третина од светските дестинации затворени за странски туристи

29

Во светот во овој момент за странски туристи целосно се затворени третина од туристичките дестинации, поради мутации на коронавирусот, покажуваат податоците на Светската туристичка организација.

Најмногу се затворени одредишта за странски туристи во Азија, Океанија и Европа иако во претходните извештаи организацијата информираше за наводно ублажување или укинување на рестриктивните мерки.

“Од почетокот на февруари во светот 32% од дестинациите се целосно затворени за меѓународен туризам. Од тоа нешто повеќе од пола затворање за најмалку 40 недели. Во исто време, 34% од одредиштата сега се само делумно затворени за меѓународни туристи“, наведуваат од Организацијата.

Расте бројот на дестинации кои од странските туристи бараат негативен ПЦР тест, како и оставање на податоци за контакт со комбинација од карантин или изолација.

Фото: Pexels