Третиот аеродром во Истанбул ќе добие најголем фри – шоп во светот

21

duty-free-shops

Германската компанија Heinemann и турската Unifree потпишаа договор за отворање на најголемиот фри – шоп на третиот аеродром во Истанбул, што е сè уште во изградба, пишува Хуријет.

Договорот за инвестицијата, вредна околу 120 милиони евра, беше потпишан од претставници на двете компании, како и од членови од конзоциумот што е задолжен за изградба на аеродромот.

Претседателот на конзорциумот и главен на холдингот Limak, Нихат Оздемир, рекол дека овој фри – шоп ќе биде најголем во светот.

“На површина од 53.000 метри квадратни овој продажен простор е сосема нова димензија. Тоа ќе ни помогне да имплементираме уникатни концепти“, изјави претседателот на германски Heinemann, Клаус Хајнемен.

Конзорциумот од фирмите Cengiz-Kolin-Limak-Mapa-Kalyon победи на тендерот за аеродромот во мај 2013 година, за период од 25 години, чија вредност е 22 милијарди евра. Се очекува овој аеродром да опслужува 90 милиони патници годишно.