Трето издание на Авто Плус Street Show 2022

168

Единствениот и најголем автомобилски настан во Македонија пристигнува во своето трето издание

Петок, сабота и недела – 3, 4 и 5 јуни е датумот на најголемиот авто-мото настан кој се одржува во нашата земја, Авто Плус Street Show. Прераснувајќи во вистинска традиција, а третото издание на овој мал саем на нови автомобили и мотоцикли (додатоци и придружна опрема) под отворено небо оваа година ќе трае 3 дена.

Во 2019 година, за првпат по цели 13 години, Авто Плус, најстариот автомобилски медиум во Македонија, успеа да ги организира и собере макеоднските импортери и дилери на заеднички собир на кој добија можност да ги презентираат сите новитети и актуелна понуда од своите брендови пред пошироката јавност. Сега, три години подоцна, на едно многу повисоко и поорганизирано ниво, Street Show ќе се одржи по третпат, а во меѓувреме успеа да се покаже како исклучително успешна манифестација која дојде како сериозно освежување под македонско небо, под покровителство на Шпаркасе Лизинг.

Исто како и минатата година, така и оваа, најновото издание на Авто Плус Street Show ќе се одржи под отворено небо на големите паркинзи пред СЦ „Борис Трајковски“. За разлика од лани во време на Корона, овојпат љубителите на милениците на две и четири тркала ќе можат да уживаат во тридневна авто-мото забава, а посетителите повторно ќе можат на едно место да ги погледнат сите нови автомобили,  мотоцикли, со класични и електрични мотори, но и автомобилската галантерија и додатоци за возила.

Премиери на нови автомобили и мотоцикли

Дел од репертоарот повторно ќе бидат и премиерните презентации на новите модели кои се пристигнати на македонскиот пазар, а посетителите за првпат ќе можат да се запознаат во живо со некои нови автомобили, како дел од одличниот авто-мото викенд кој го имаме подготвено за сите посетители исполнет со богата содржина.

Со третото издание на Street Show, Авто Плус продолжува со креирањето на настаните за македонската автомобилска индустрија кои прераснуваат во успешни традиции, веднаш по Изборот за Автомобил на Годината (од 1995) и Златно Тркало (од 2018). Затоа, ни претставува голема чест да го најавиме најголемиот авто-мото настан кај нас на 3, 4 и 5 јуни и да ве поканиме да бидете дел од третото издание на саемот на автомобили под отворено небо, кој на алтернативен начин ги презентира новите, еколошки, технолошко напредни возила.

Преземено од Avtoplus.mk