Трето извлекување од наградната игра на Кит-Го и Тера маркети

65

unnamed

Веќе неколку месеци купувачите на Кит-Го и Тера маркетите се привилегирани со можноста за учество во наградната игра која што е конципирана за секој да има шанса да добие награда. Со три циклуси извлекувања и плус едно главно извлекување, ова е наградна игра со можеби еден од поголемите и повредни наградни фондови. Откако почна наградната игра „Купувај и добивај со Кит-Го и Тера маркети“, изминаа две извлекувања и беа доделени над 100 награди, вклучувајќи 16 патувања и летувања на Тасос, Халкидики, Крф, Прага, Виена, Истанбул и Будимпешта, како и два скутери, шест велосипеди и 80 вредносни ваучери од по 2.000 денари.

Можности за добивање вредни награди има сè уште, сè до 1ви октомври, до кога и трае наградната игра и кога е главното извлекување во Штип. Во меѓувреме, следи уште едно извлекување што ќе се одржи на 20 август во Кочани и каде ќе бидат извлечени уште многу добитници на патувања и летувања, скутер, велосипеди или пак вредносни ваучери. Сè што треба да направат граѓаните, за учество во наградната игра, е да пазаруваат во некој од Кит-Го или Тера маркетите. За секоја направена сметка од минимум 300 денари во некој од овие маркети, потрошувачите добиваат самолеплив купон и леток на којшто треба да залепат пет купони. Со пополнување на летокот со личните податоци и оставање во означената кутија во било кој од Кит-Го или Тера маркетите, секој добива можност да учествува во наградната игра и да биде добитник.

За сите оние учесници кои веќе испратиле купони, а не биле извлечени како добитни, важно е да се напомене дека сите недобитни летоци од претходните извлекувања ќе учествуваат и во главното извлекување на 1ви октомври. Главната награда во играта е автомобил Опел Астра Седан 2016, а исто така и четири скутери и 12 велосипеди и други награди.