Трготекстил за три месеци евидентираше загуба од 470.000 денари

46

trgotekstil

Компанијата Трготекстил малопродажба во првиот квартал од 2017 година евидентираше загуба од 470.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период претходната година, компанијата прикажа добивка од 154.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, во периодот јануари – март оваа година, изнесуваат 1.855.000 денари.

Приоритетна дејност на компанијата е издавање и управување со сопствен недвижен имот или недвижен имот земен под закуп.