Трговија на мало во септември оваа година

12

supermarket-123-pixabay

Фото: Pixabay

Во трговијата на мало, во септември 2017 година, во споредба со септември 2016 година, гледано по групи и класи, зголемување на прометот е забележано во групата Трговија на мало со автомобилски горива (номинално за 10%, а реално за 7,9%), покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Намалување на прометот е забележано во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 6,4%, а реално за 7,7%), Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 4,4%, а реално за 3%) и Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 5,3%, а реално за 5,9%).