Русија и Кина имаат шанса да достигнат 200 милијарди долари трговски промет до крајот на оваа година, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на маргините на состанокот на земјите од АСЕАН.
Лавров посочи дека во последно време е забележан значителен пораст на трговскиот промет меѓу Русија и Кина и дека веќе две години по ред е зголемен за една третина, пренесува Мина.
„Со оглед на динамичното проширување на нашата економска размена, оваа година, пред истекот на рокот, ќе можеме да ја исполниме задачата што ја поставија шефовите на држави да го доведеме обемот на кинеско-руската трговија на 200 милијарди до следната година“, рече Лавров.
Според него, Русија и Кина имаат импресивни резултати бидејќи се префрлиле на поширока употреба на националните валути.
Лавров прецизираше дека уделот на рубљата и јуанот во билатералните плаќања се зголемил од 25 на 80 отсто во последните две години.