Трговијата меѓу Русија и САД значително опадна: Денес е 11 пати помала од пред година и пол

18

Вредноста на трговската размена меѓу Русија и САД во јули изнесува 277 милиони долари, објави американското биро за попис.

Според извештаите, трговската размена меѓу Москва и Вашингтон била 11 пати помала во јули отколку во февруари 2022 година.
Вредноста на трговската размена меѓу Русија и САД во јули беше речиси 13 пати помала отколку во истиот месец од 2021 година и сега е на најниско ниво од почетокот на 2000 година.

Извозот од Русија во САД сочинува 90 отсто од трговијата меѓу двете земји, а Вашингтон моментално увезува нуклеарно гориво, ѓубрива и платински метали како паладиум, платина или родиум од Русија. Во првите седум месеци САД увезле стоки во вредност од над три милијарди долари од Русија.