Трговски дефицит од 1,2 милијарди евра од јануари до септември

27

Трговскиот дефицит, во периодот од јануари до септември 2015 година, изнесува 1.213.548.000 евра, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Вупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари – септември 2015 година, изнесува 2.963.896.000 евра. Вкупната вредност на увозот на стоки во Република Македонија, во периодот јануари – септември 2015 година е 4.177.444.000 евра.

Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – септември 2015 е 71%.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, производите од железо и челик (валани производи).

Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), електричната енергија и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.