Трговски дефицит од 1,2 милијарди евра за девет месеци

3

Трговскиот дефицит, од јануари до септември оваа година, достигна 1.270.533.000 евра, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари – септември 2016 година, изнесува 3.178.115.000 евра и бележи пораст од 6,1% во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 4.448.647.000 евра што е за
6,3% повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – септември 2016, изнесува 71,4%.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, фероникелот и облеката. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивните легури, необработени или во облик на прав и електричната енергија.

Во периодот јануари – септември 2016 година, според вкупниот обем на надворешно трговската размена, Република Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Бугарија.